Расте бројот на загинати во Флорида откако оваа американска сојузна држава ја погоди ураганот Иан. Според Си-Ен-Ен, за помалку од два дена загинааа најмалку 45 луѓе.
Ураганот направи пустош и зад себе остави апокалиптични слики. Без струја останаа повеќе од 1.4 милиони луѓе само на Флорида.

Три жртви има и во Куба, а вистинскиот број на загинати во оваа земја се очекува значително да се зголеми откако службите ќе ги пребараат областите кои беа најтешко погодени од бурата.

По Флорида, Иан се спушти на брегот на Јужна Каролина каде предизвика поплави во населените места, а остави без електрична енергија околу 330.000 луѓе.

Си-Ен-Ен објави сателитски фотографии пред и по налетот на ураганот Иан.