Финалната вечер на детската Евровизија ќе се одржи в недела, на 11 декември, а ќе се емитува на првиот канал на Македонската радио-телевизија, со почеток од 16 часот
Македонските претставници на годинашната детската Евровизија Лара Трпческа, Ирина Давидовска и Јован Јакимовски ја имаа првата проба на големата евровизиска сцена во Ереван, Ерменија.
Покрај нашите музички ѕвездички, на сцената ќе ги видиме и талентираните танчарки Александра Митеска и Мила Илиќ.
Финалната вечер на детската Евровизија ќе се одржи в недела, на 11 декември, а ќе се емитува на првиот канал на Македонската радио-телевизија, со почеток од 16 часот.
На годинашното 20-то јубилејно издание ќе настапат вкупно 16 земји учеснички. Лара, Јован и Ирина настапуваат 10. по ред.
Нашите претставници ќе настапат со песната „Животот е пред мене“ чиј автор е Симон Трпчевски, продуцент Дарко Димитров, а текстот е на Јован Трпчески и Лара Трпческа.