Од ковчегот со посмртните останки на кралицата беа отстранети државна круна, топката и жезолот – симболи на моќта и управувањето на монархот, по што беше спуштен во кралската гробница, а беа изговорени и сите титули на кралицата. Додека ковчегот се спушташе во гробницата, нејзиниот личен гајдаџија го отсвире својот последен поздрав до неа
Подоцна вечерва, далеку од камерите, кралското семејство ќе се врати на последниот и приватен погреб на кралицата Елизабета кога таа ќе биде погребана во капелата Свети Џорџ до нејзиниот сопруг, принцот Филип, кој почина минатата година на 99-годишна возраст
Ковчегот на кралицата Елизабета Втора попладнево пристигна во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор, каде што ќе биде погребана покрај нејзиниот сопруг, војводата од Единбург, принцот Филип.
На церемонијата одржана во капелата Свети Џорџ, на која присуствуваа 800 луѓе се оддаде почит на нескротливата служба на британската кралица.
Деканот на Виндор Дејвид Конер, кој ја предводеше церемонијата, ја истакна добрината на кралицата, нејзината посветеност на работата, беспрекорната служба за нацијата, грижата и охрабрувањето за нејзиното семејство, пријателите и соседите. Во екот на проблематичниот и брзо променлив свет, додаде Конер, нејзиното мирно и достоинствено присуство ни ја даде довербата да се соочиме со иднината, како што правеше таа.
„Се собравме да ја довериме во Божјите раце душата на неговиот слуга кралицата Елизабета. Овде, во капелата на Свети Џорџ, каде што таа толку често се поклонуваше. Ја паметиме како некој чија некомплицирана, но длабока христијанска вера даде толку многу плодови“,
рече деканот на Виндзор Дејвид Конер кој ја водеше богослужбата.
Од ковчегот со посмртните останки на кралицата потоа беа отстранети државна круна, топката и жезолот – симболи на моќта и управувањето на монархот. Предметите му се даваат на деканот од Виндзор и тој ги става на високиот олтар. Овие церемонијални традиции го симболизираат крајот на владеењето на кралицата, додека таа за последен пат се разделува од својата круна.
Ковчегот потоа беше спуштен во кралската гробница, а беа изговорени и сите титули на кралицата. Додека ковчегот се спушташе во гробницата, нејзиниот личен гајдаџија го отсвире својот последен поздрав до неа.
Подоцна вечерва, далеку од камерите, кралското семејство ќе се врати на последниот и приватен погреб на кралицата Елизабета кога таа ќе биде погребана во капелата Свети Џорџ до нејзиниот сопруг, принцот Филип, кој почина минатата година на 99-годишна возраст.
Ковчегот на кралицата Елизабета Втора претходно беше на своето последно патување до замокот Виндзор од Лондон, каде што во Вестминстерската опатија се одржа државниот погреб. На државниот погреб присуствуваа повеќе од 2 000 високи гости од целиот свет, а стотици луѓе се собраа во Лондон на рутата низ главниот британски град за да го кажат своето последно збогум.
Последното испраќање на кралицата, медиумите го нарекоа „погреб на векот“, а милиони ширум светот го гледаа погребот преку преносите во живо што ги обезбедија телевизиите.
Кралицата Елизабета Втора почина на 8 септември во својата 96 година од животот и остана запаметена како најдолговечниот британски монарх кој на тронот остана 70 години.