На средби со првите луѓе на тамошните винарии, како што соопштија од Владата, се разговарало за измени во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството со авансната финансиска поддршка, за зголемениот износ за зелена нафта, како и за грантови за малите винарнии
Владата останува партнер за развој на земјоделските дејности со најголем раст во нашата земја., рече претседателот на Владата Димитар Ковачевски, при денешната посета на Тиквешкиот регион, честитајќи го Св. Трифун и посакувајќи им успешна година на лозарите и на винарите.
На средби со првите луѓе на тамошните винарии, како што соопштија од Влдата, се разговарало за измени во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството со авансната финансиска поддршка, за зголемениот износ за мерката зелена нафта, како и за грантови за малите винарници.
„Заедно со останатите мерки, како и со мерките од ИПАРД -програмата, кои се дополнителна поддршка за модернизирање и развој на оваа гранка, преку инвестиции за изградба на винарници и набавка на опрема, поддршката за лозарите и винариите обезбедува економски развој на Тиквешкиот регион, нови вработувања и конкурентност на производите на домашниот и на странскиот пазар.
Премиерот Ковачевски, на денешните средби со лозарите и винарите, во придружба на министерот и заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и Абдулшуќур Абедини и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, потенцираше дека Владата продолжува со мерките и стимулациите за производство на квалитетно грозје и вино на пазарот, со цел негова поголема промоција и зголемување на извозот, оценувајќи дека се надминати времињата на неизвесност за лозарите и винарите, соопштија од Владата.