Пораки за сплотеност, мир и спокој испратија и премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски
Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва беа домаќини на две оддели ифтарски вечери што ги организираа Владата односно опозициската партија.
На ифтарската вечер што ја организираше Владата, а каде домаќин беше премиерот присуствуваа поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаи, претседателот на Собранието Талат Џафери, министри, пратеници, уредници на медиуми и друго.
„Во оваа ифтарска вечер, еве седиме заедно на маса, го делиме лебот, споделуваме меѓусебна почит – и ова е најдобар одраз на вредностите кон коишто сме определени. Тоа е сплотеноста, во еднакво општество за сите, во коешто заедно ги надминуваме предизвиците и заедно ги отвораме перспективите, градиме иднина – за секој човек, за секое семејство, за нашата заедничка држава, којашто е наш заеднички дом“,
порачал Ковачевски.




Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, соопштија дека Мицкоски бил домаќин на ифтарска вечер што ја организирале за членовите и пријателите од исламска вероисповед.
„Моја беше честа да разговараме за актуелните предизвици, тешкото време и иднината за која мораме заедно да се бориме. Македонија и проблемите во земјата се на сите луѓе, и нашата одговорност за создавањето на иднината е подеднаква и заедничка. Нека големите празници донесат мир и спокој, обединување и радост каква сите луѓе заслужуваат“,
порача Мицкоски.




