Како што е вообичаено за овој период од годината, зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Од српскиот Автомото сојуз (АМСС), пак, велат дека најголемо задржување има на граничните премини кои водат кон море, како Македонија, Црна Гора и Бугарија. За влез во земјава од Србија, на граничниот премин „Прешево“, АМСС наведува дека задржувањето е до 45 минути.
Од АМСМ, пак, велат дека поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање на граничниот премин „Табановце“ за влез во Македонија е околу еден час.
Од камерите поставени од Јавното претпријатие за државни патишта се гледа дека во овој период од денот има помалку метежи на граничниот премин „Богородица“ за излез од земјава, а од АМСМ велат дека таму се чека околу 30 минути.
На другите гранични премини од македонска страна, од АМСМ додаваат дека нема подолги задржувања за влез и излез од државата.