Патарините кај Кадрифаково и Преод во Општина Свети Николе се во изградба, а според најавите на директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми треба да бидат готови до крајот на март
Се преврти камион на патарината кај светниколското село Кадрифаково на автопатот Штип-Миладиновци. МИА објави фотографија од превртениот камион која до редакцијата им ја испратиле возачи, кои пред 15 минути транизитирале по автопатот.

На неа се гледа дека камионот удрил и се превртил токму меѓу наплатните пунктови.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, вели дека нивна екипа ќе изврши увид, возачот не е повреден, а е причинета материјална штета.
Патарините кај Кадрифаково и Преод во Општина Свети Николе се во изградба, а според најавите на директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми треба да бидат готови до крајот на март.