Изгорениот автобус, кој во вторникот вечерта беше извлечен од автопатот Струма, е однесен во дворот на поранешна воена касарна во Перник, јавува бугарската телевизија „Нова“ објавувајќи фотографија од локацијата.

Делницата од автопатот во насока кон Дупница останува затворена уште најмалку 1-2 дена, изјави градоначалникот на рударскиот град, Станислав Владимиров, пренесува „Нова“.
Во вчерашната трагедија на автобусот на „Беса транс“ загинаа 45 луѓе, а седуммина ја преживеаја несреќата.
