Пожар избувна во една од галиите на реката Вардар во центарот на Скопје, но брзо реагираа пожарникарите и за краток период пламените јазици беа изгаснати.
Пожарот се случи во првата галија лоцирана во близина на хотелот „Холидеј ин“. Командантот на противпожарната единица во Скопје, Владимир Симоновски информираше дека пожарот е изгаснат и се чека на ЕВН да ја прекине електричната енергија.
На терен се интервенирало со две противпожарни возила и десет пожарникари.




