Ангажиран е еден полициски хеликоптер кој во секој момент ќе започне со дејствија за гаснење на огнот, а дополнително ќе се разгледа можноста за употреба на авионите на ДЗС

Денес околу пладне избил шумски пожар на територија на Општина Гостивар во атарот на селото Речани, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Пожарот, велат оттаму, е на тешко пристапен терен.

„Пожарот се искачи во тешко пристапен и непристапен терен каде што пожарникарите од локалната територијална противпожарна единица и од Национални шуми не можат да пристапат“,
вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Од тие причини, најави тој, ангажиран е еден полициски хеликоптер кој во секој момент ќе започне со дејствија за гаснење на огнот, а дополнително ќе се разгледа можноста за употреба на авионите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).