Меѓу лицата кои беа во првите редови при буткањето на заштитните огради пред Влада и пред Собранието имаше и неколкумина со качулчи на главата, односно т.н. фантомки
Дел од вечерашниве демонстрации против францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија се префрлија пред Собранието. Како претходно пред Владата, и пред Собранието дојде до инцидент кога дел од демонстрантите ја бутнаа поставената полициска ограда околу објектот.
Мал дел од демонстрантите гаѓаа и со јајца и други предмети кон полицијата која постави кордон, но не дојде и до физичка пресметка.
Според преносот во живо кој го правеше Радио Слободна Европа, лицата кои ја бутнаа оградата и гаѓаа со предмети кон полицијата се претежно млади лица. Дел од нив, како што може да се види на фотографиите подолу, носат и качулки на главата, т.н. фантомки.



