Веќе неколку дена не стивнуваат пожарите на планината Стогово, непосредно над мијачкото село Гари
На социјалните мрежи се шират повици до надлежните веднаш да интервенираат на планината Стогово каде што веќе два дена беснеат пожари. Огнот, според фотографиите објавени утрово, се многу блиску до селото Гари.
Дел од медиумите ја пренесуваат изјавата на Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална противпожарна единица, кој потврдил дека неговата екипа интервенира заедно со вработените на подружницата „Стогово“ на ЈП „Национални шуми“. Според Мифтароски, иако доброволци се пријавиле, поради големата опасност, не им е дозволено да помогнат во гасењето на пожарот.
Дел од жителите на селото, инаку популарна туристичка дестинација во текот на летото, повикуваат да се вклучат и хеликоптери и авиони во гаснењето на огнената стихија.