Кога стигнале во селото, пожарникарите од објектот извлекле две лица со полесни изгореници, додека во куќата имало и тело на изгорено лице

Едно лице го загуби животот, а две се повредени во пожар што утрово избувна во куќа во охридското село Требеништа.
Според информациите од Територијалната противпожарна единица Охрид (ТППЕ), пожарот бил пријавен утринава во 8:25 часот. По добивањето на пријавата дека гори станбен објект во Требеништа, пет пожарникари со две интервентни возила биле испратени во селото.
Кога пристигнале пожарникарите од ТППЕ Охрид, објектот веќе целиот бил зафатен од пожарот.
„Од објектот биле извлечени две лица со полесни изгореници, додека во куќата имало и тело на изгорено лице“,
информираат од ТППЕ Охрид.
Според информациите од Територијалната противпожарна единица, причините за пожарот сè уште не се познати, а тоа, според нив, ќе треба да го покажат увидот и истрагата што е во тек.


