Севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун во саботата во јавноста ја покажа својата ќерка во јавноста, на дента кога од земјата беа ласирани наголемите балистички ракети.
Северна Кореја во петокот тестираше интерконтинентален балистички проектил Хвасонг – 17, а изненадувачки беше што на лансирањето беше присутна ќерката на Ким, чие постоење никогаш претходно не беше јавно потврдено.

Нејзиното појавување ги зголемува шансите дека водството на С. Кореја ќе ја наследи четвртата генерација на семејството Ким и сугерира дека нуклеарното оружје ќе биде дел од тоа наследство.

Мајкл Меден, експерт во областа на севернокорејското семејство вели дека ова е прва можност јавноста да ја види ќерката на Ким но и дека самиот чин има преносливо значење односно, сликите говорат дека ова ќе биде дел од нејзиното наследство.
Инаку се верува дека Ким има трие деца, две ќерки и еден син а во 2013 г. пензионираниот американски кошаркар Денис Родман кој важи за добар пријател на Ким Јонг Ун кажа дека тој има бебе, однсоно ќерка која се вика Ју Ае. Според проценките таа има 12 или 13 години, што значи дека за четири до пет години ќе започне со служење на воениот рок по што би можела да стане советник на нејзиниот татко.