Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, во текот на изминатата ноќ беше во обиколка на полициските пунктови во неколку скопски населби.
„На полициските службеници од православна вероисповед со поздравот ѝм го честитав големиот христијански празник Велигден, а на сите останати ѝм посакав да имаат мирна работна вечер“,
објави Чулев.
Полицајците, пак, го информирале дека изминатата вечер на улиците во Скопје било мирно и без посериозни прекршувања на законот за што министерот им се заблагодари на сите за свеста и совеста што ја покажуваат во вакви важни моменти.