Градските власти денеска донесоа одлика за пренамена на пари, по што стигнаа најави дека возачите и останатите вработени ќе добијат плата утре
Автобусите на ЈСП и денеска се паркирани на булеварот пред владината зграда во центарот на Скопје.
Двокатни црвени автобуси и вчера го блокираа сообраќајот пред влада во рамки на протестот што претходно го најави Град Скопје односно градскиот секретар Зоран Глигоров, а којшто протест не го поддржаа синдикалните организации.
Глигоров вчера од пред владата побара Владата односно Министерството за образование и наука да ги исплати долговите кон ЈСП, додека пак, вработените преку синдикалните организации на одделен протест порачаа дека им е доста од политички препукувања и побараа само да си ја земат септемвриската плата што требаше да им биде исплатена до 15 октомври.
Во знак на револт, тие од денеска стапија во штрајк со што за првпат во историјата Скопје остана без градски превоз.
Раководството на ЈСП, пак, рече дека штрајкот е незаконски и најави кривични пријави.
Во меѓувреме, градските власти денеска донесоа одлика за пренамена на пари, по што стигнаа најави дека возачите и останатите вработени ќе добијат плата утре.
*Повеќе вести поврзани со состојбата во ЈСП:
- Приведен вработен во ЈСП поради закана дека ќе подметне бомба во автобус
- Полициски екипи за антитероризам се во ЈСП, автобусите постепено се вклучуваат во сообраќај
- Денеска автобусите на ЈСП ќе возат, за утре не се знае
- Директорот на ЈСП го обвинил пред сите за бомбата: Африм, ќе видиш што ќе ти се случи!
- (ВИДЕО) Кавги во градското собрание за кој е крив за ЈСП: На Арсовска ѝ се чини дека има симпатична коалиција во Советот
- Скопјани денеска ќе останат без јавен превоз – вработените во ЈСП протестираат поради неисплатените плати
- ЈСП ги обвинува синдикатите за колапсот на градскиот превоз и најавува дека Град Скопје ќе поднесе кривични пријави
- Агонијата продолжува: Додека ЈСП чека пари за плати, приватниот превозник од ЈСП чека наплата на долг од 45,5 милиони денари
- Советниците обединети за да се исплатат околу два милиони евра од буџетот на Град Скопје за плати во ЈСП
- Автобусите на ЈСП наскоро повторно ќе возат низ Скопје – вработените утре ќе ги добијат платите