Москва го прекина протокот на гас кон ЕУ на почетокот на оваа година поради санкциите што ѝ беа наметнати поради нејзината инвазија на Украина
Русија повеќе се грижи за користење на гасот како оружје, па дури и претпочита да го согорува наместо да го продава, како одмазда за санкциите на Западот, обвини денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Москва го прекина протокот на гас кон ЕУ на почетокот на оваа година поради санкциите што ѝ беа наметнати поради нејзината инвазија на Украина.
„Гледаме дека Русија гори гас наместо да го продава“,
рече Фон дер Лејен на првиот состанок на групата Г20 на годишниот самит во Бали, Индонезија.
Однесувањето на Русија предизвикува недостиг на глобалните енергетски пазари и затоа вртоглаво растат цените, рече таа.
Најдобар одговор е да се забрза транзицијата кон чисти форми на енергија
Затоа Европската Унија го поддржа воведувањето на ограничувања на цената на нафтата, рече Фон дер Лајен додавајќи дека тоа ќе биде од корист и за земјите со низок и среден приход.
„Но, нашиот најдобар одговор на таа ситуација е да ја забрзаме транзицијата кон чисти форми на енергија. Тоа е единствениот одговор и на енергетската и на климатската криза и нуди големи можности за другите региони во светот“,
посочи таа.
Затоа Европа ќе инвестира најмалку четири милијарди евра во обновливи извори на енергија како што е водородот во следните пет години. Ова ќе стимулира огромни приватни инвестиции, рече претседателката на ЕК.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој исто така е на самитот на Бали, ја критикуваше Русија, обвинувајќи ја Москва дека ја користи енергијата како оружје, што има негативни последици за економијата во Европа и светот.