На грабежот, како што велат од СВР Куманово, му претходеле пукотници. Прво неколку лица со џип удриле во друг автомобил, а потоа пред да ја одземат торбата со пари пукале од огнено оружје
Во акција како од крими-филм, вечерва, на улицата „Доне Божинов“ во Куманово од 63-годишен кумановец одземена е торба со пари, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово.
На грабежот, како што велат од СВР Куманово, му претходеле пукотници. Прво неколку лица со џип удриле во друг автомобил, а потоа пред да ја одземат торбата со пари пукале од огнено оружје.
Од кумановската полиција велат дека настанот се случил вечерва во 20:20 часот, кога патничко моторно возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки удрило во возило „пасат“ со кумановски таблици управувано од 63-годишниот кумановец С.С.. По сударот, неколку лица пукале кон возачот на „пасатот“ и му одзеле торба со пари. Подоцна, додаваат од СВР Куманово, „ренџ роверот“ го запалиле.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Потврда дека гаснеле опожарено визило на улицата „Доне Божинов“ има и од Територијалната противпожарна единица Куманово.