Министерот за здравство Венко Филипче вели дека преку социјалните мрежи ги видел условите во Пепелиште каде што десет лица (од музичка група) беа испратени во карантин и изрази жалење за условите. Тој посочи дека тие луѓе денеска ќе бидат испратени во Демир Капија и изрази надеж дека ќе ја разберат сериозноста на ситуацијата.
„Во однос на условите веќе денеска тие ќе бидат префрлени во зградата во Демир Капија која е сосема нова, некористена. Таму условите се добри. И јас ги видов на мрежите тие услови во Пепелиште, навистина жалам. Но верувам дека таа група на луѓе, им ја пративме пораката и преку епидемиолозите кои ги вршат прегледите, ја разбираат важноста на ситуацијата и зашто е тоа направено и дека, ете, можеби условите биле лоши, но сигурен сум дека ќе разберат и ќе се придружуваат на советите од лекарите“,
рече Филипче.
Тој рече дека се одредува кои луѓе ќе одат во карантин согласно епидемиолошките податоци и согласло епидемиолошкиот степен на ризик за кој ќе одредат епидемиолозите на граничните премини.
Откако синоќа се појави видеото со лоши услови во Пепелиште, од Министерството за одбрана утрово соопштија дека тоа бил само привремен простор каде што треба да се извршат епидемиолошките прегледи согласно медицинскиот протокол.
*Поврзана вест: Поради лошите услови во „Пепелиште“, групниот карантин ќе биде преместен