На Светскиот ден за безбедност и здравје на работа, министерот за здравство Венко Филипче го посвети на своите колеги – здравствените работници.
На својот профил на Фејсбук тој напиша дека тие несебично се грижат за сите и се борат за секој живот.
„Им порачувам да бидат особени внимателни на работните места. Граѓаните секогаш да носат заштитна опрема, да имаат навремена и искрена комуникација со своите лекари. Безбедната и здрава средина е важна за секое работно место. Во услови кога светот се бори со коронавирусот е повеќе очигледно дека мерките за безбедност можат да спасат многу животи“,
напиша Филипче.
Тој уште еднаш апелираше до сите работодавачи и работници за целосно спроведување на протоколите за безбедност.