Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја започна инспекцијата во врска со случајот со пациентот од Кичево, за кој семејството било известено дека резултатите на тестовите за ковид-19 се негативни, а во Институтот за јавно здравје е заведено дека еден тест бил позитивен.
На прашањето од „360 степени“ упатено до министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција за тоа дали е започнат инспекцискиот надзор за овој случај и дали ќе се спроведува во сите здравствени институции каде што се движел пациентот, министерот одговори дека деталите ќе се знаат по завршувањето на увидот.
„Започнат е надзорот и сè уште трае. Утрово разговаравме и со директорката на ДСЗИ на оваа тема. Неофицијално, информациите беа дека има еден позитивен тест, но да почекаме за да видиме точно за што станува збор. Ова се информациите коишто ги имавме иницијално од институциите“,
рече Филипче.
*поврзани вести:
Пациент од Кичево по грешка заведен како позитивен на ковид-19, семејството бара одговорност
ДСЗИ ќе спроведе инспекција за случајот со пациентот од Кичево