Министерот за здравство, Венко Филипче, во вечерашното гостување во емисијата Топ Тема на Телма ТВ, објави дека во рамки на помошта од Европската Унија обезбедени се 12 респиратори.
„Од попладнево имаме убава информација, со помош на ЕУ се обезбедија 12 респираторни машини и 5 илјади маски. Машините ќе бидат поделени на Клиниката за инфективни болести и на болницата ‘8 Септември’“, рече Филипче.
Покрај овие, владата е во набавка на уште 31 респиратор.
Набавката на овие респиратори, потсети министерот, заврши и сега се очекува испораката.
*Поврзана вест: Македонија ќе купи 31 респиратор од Јужна Кореја и Германија по цена од 25 000 евра