Со објава на Твитер, министерот за здравство Венко Филипче реагираше на загрижувачките информации дека на одморалиштата низ Македонија не се почитуваат мерките за заштита од ширењето на инфекција со вирусот ковид-19.
„Ти си на одмор, но вирусот не е! Избегнувај собирање во големи групи, носи маска, за да го заштитиме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски. Да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19, затоа што јавното здравје е заедничка одговорност“,
апелира министерот за здравство.