Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека не разговарале со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за евентуално негово назначување на местото на Радмила Шекеринска, која најави дека не е кандидатка за функција на претстојниот изборен конгрес на партијата.
Филипче верува дека Заев повторно ќе го направи најдобриот тим и дека ќе продолжи да ги спроведува, како што рече, успешните политики.
„Не сум разговарал на таа тема со претседателот Заев. Преокупирани сме со менаџирање на овој процес, на кризата и вакцинацијата. Верувам дека ќе го направи најдобриот тим исто како што беше и до сега и дека ќе продолжи успешно да работи на полето на имплементирањето на сите успешни политики исто како и досега“,
истакна Филипче.
Одговорајќи на новинарски прашања по приемот на донацијата од 100.000 вакцини, а во пресрет на утрешниот конгрес на СДСМ, Филипче не кажа дали би ја прифатил функцијата – потпретседател на СДСМ ако му биде понудена.