Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави анализа која покажува дека во последните две недели е намален процентот на болни од коронавирусот кои се хоспитализирани.
„Во изминативе две недели, и покрај благиот раст на активни случаи со ковид-19, процентот на хоспитализирани бележи пад од речиси 2%, односно од 11,5% на 15 јули на 9,7% на 23 јули“,
напиша Филипче.
Според министерот за здравство, за време на целата епидемија, највисокиот процент на болни кои завршиле во болница е 12 лица на секои 100 заразени.
„Во континуитет, процентот на хоспитализирани од вкупниот број на активни случаи не надминува повеќе од 12%. Да ги почитуваме мерките, да се заштитиме себеси, здравствените работници и да го одржиме нашиот здравствен систем стабилен!
напиша Филипче.