Маските мора да станат наше секојдневие, вели министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на фејсбук. Тој апелира до граѓаните да се придржуваат до мерките и вели дека потешко се дише на респиратор отколку со маска.
„Тие [маските] докажано нè штитат нас, но и другите околу нас. Кога две лица правилно ги носат маските, веројатноста да се заразат меѓусебно е 1.5%. Носи маска, одржувај дистанца, не се групирај“,
напиша Филипче.