„Европската интеграција е стратешка цел на државата. СДСМ ќе продолжи да се залага за негување на демократските вредности и заштита на националните интереси. Ќе се залага за реформи од страна на сите чинители во македонското општество. Напредокот во интеграцијата на нашата држава позитивно ќе се одрази на регионалната соработка, стабилноста и напредокот на земјата“, рече лидерот на СДСМ на средбата со евроамбасадорот
Загрижен сум дека политиките на новата влада може да предизвикаат трајно блокирање на евроинтеграциските процеси. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во само неколку недели целосно ги наруши позициите на Северна Македонија отворајќи веќе затворени спорови, со што шансите за продолжување на евроинтеграциите драматично се влошија. Ова на денешната средба му го соопшти лидерот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче, на шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.
Покрај ова, Гир и Филипче разговарале и за теми поврзани со досегашниот мандат на евроамбасадорот и случувањата во земјата.
Во разгвоворот со Гир, Филипче го истакна и сомнежот околу намерите на Владата воопшто да го продолжи стратешкиот правец кон Европската Унија и посочи дека уште на почетокот на работата на новата влада, земјата има нејасна иднина.
СДСМ како опозиција, порача Филипче во разгвоорот со Гир, ќе се залага за реформи и јасни перспективи.
„Европската интеграција е стратешка цел на државата. СДСМ ќе продолжи да се залага за негување на демократскитее вредности и заштита на националните интереси. Ќе се залага за реформи од страна на сите чинители во македонското општество. Напредокот во интеграцијата на нашата држава позитивно ќе се одрази на регионалната соработка, стабилноста и напредокот на земјата“,
рече Филипче.
Лидерот на СДСМ токму пред завршувањето на мандатот на евроамбасадорот му се заблагодари за посветеноста и работата во земјата, ангажирајќи се како вистински пријател на Севеерна Македонија и давајќи поддршка во остварување на државните стратешки цели.