Ќе направам сè што треба и ќе дадам сè од себе, цела моја енергија и фокус и цела работа конечно оваа држава да стане дел од европското семејство
Немаме друга иднина освен европска, не смееме да губиме време. Преспанскиот договор беше едниот чекор, а сега евроинтеграциите мора да се вториот чекор. Добар дел од моите другари се иселени. Разговарав со многу млади специјализанти, луѓе што ја имаат на ум опцијата да се преселат имајќи предвид дека Германија има огромен број болници кои се празни. Нема да останат младите тука кај нас ако ние не направиме трансформација по примерот на европските општества. Тоа е моја желба, вели Венко Филипче, носител на ИЕ 4 на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, во гостувањето на „Неформално“ на „Сител поткаст“.
Се враќа во политиката со главен мотив – на младите да им се обезбедат можности за напредок и иднина како во напредните европски држави, порачува Филипче. Тоа е единствениот начин и идните лекари специјалисти својата иднина да ја гледаат дома, вели тој.

„Јас останав тука да работам на огромен број понуди за работа во Америка. За време на престојот во Швајцарија, добив понуда да работам. Бев на неколку турнуси по една недела во Германија. Знам каков е животот во европските земји, знам каков е тука. Јас се вратив тука затоа што сакам да придонесам нашето општество да оди напред. Останав тука да работам на огромен број на понуди за работа во Америка“,
вели Филипче.
Филипче вели дека земјата мора да се трансформира по примерот на развиените европски земји и тоа е единствен начин за младите да се задржат да работат дома.
„Тоа е мојата желба и главниот мотив. И тоа е мојата мисија. Јас затоа верувам во тие политики. Така што ќе направам сè што треба и ќе дадам сè од себе, цела моја енергија и фокус и цела работа конечно оваа држава стане дел од европското семејство народи. Знам каков е животот во европските земји, знам каков е тука. Многу често сум бил надвор и секогаш сум се враќал. Многу потешко ми било кога сум мислел од таму за тука отколку од тука за таму. Така што ќе направам сè што треба и ќе дадам сè од себе, цела моја енергија и фокус и цела работа да ние конечно оваа држава стане дел од европското семејство народи“
додава Филипче.