Јас поднесов оставка после пожарот во Тетово, како морален човечки чин – вели Филипче
Претходно денеска премиерот Христијан Мицкоски ја оцени како скандалозна одлуката на ОЈО ГОКК да го затвори предметот за набавките за изградба на 19 модуларни болници
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, бара премиерот Христијан Мицкоски и, како што вели, „организираната криминална група ВМРО“, да им се извинат на семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово. Тој обвини дека пет години се ширеле лаги за негова одговорност и јавниот простор бил загаден со несоодветен наратив.
Реакцијата на Филипче доаѓа по вчерашната одлука на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), да го затвори предметот за јавните набавки за градењето 19 модуларни болници во државата.
рече Филипче.
„Пет години зборуваат за мене дека сум убиец, ме споредуваат со убиец, ме споредуваат со доктор
Менгеле, замислете, јас што спасувам животи, кој здравјето на граѓаните ми е на прво место, не престанаа. Не престанаа ни вчера, после одлуката на обвинителството, излегоа некои млади членови на криминалната група, го продолжија тоа, денес премиерот исто така на прес-конференција. Јас поднесов оставка после пожарот во Тетово, како морален човечки чин“,
Тој реагира што премиерот денеска изјави дека на Обвинителството не му значи ништо што живи гореа 14 луѓе.
„Денес гледаме како кога има толку заразени луѓе, кога тоа се случува со загадената вода во Гостивар, Христијан Мицкоски оди на екскурзија. Денес повторно си игра со чувствата на луѓето, повторува неколкупати на прес-конференција, живи и изгорени луѓе и така натаму, и јас сега тоа нема да го правам споредба. Нема поради тоа што сум човек, имам емпатија и сочувствувам, а може да споредувам со други случаи, а тоа доволно говори само за тоа каков човек е Христијан без сочувство, без срам, без жал. Затоа сега барам организираната криминална група ВМРО да се извини. Не мене да ми се извини, да се извини криминалната група и Христијан Мицкоски да се извини на семејствата на загинатите. Затоа што пет години си поигруваат со нивните чувства, со нивните емоции и со нивната жал“,
вели Филипче.
Вчера Обвинителката Верица Бержецка на брифинг со новинарите кажа дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања при јавните набавки.
Станува збор за набавки во мандат на владата на Зоран Заев, кога на чело на Министерството за здравство беше Венко Филипче. Модуларните болници ги градеше „Брако“ на Кочо Анѓушев.
Предметот беше отворен на 10 септември 2021 г., по допрен глас, откако се случи трагичниот настан во ковид-центарот во Тетово. Тогаш Обвинителството посочи дека ќе ја провери документацијата за набавката и изградбата на сите болници.
Премиерот Христијан Мицкоски, одлуката на ОЈО ГОКК ја оцени како скандалозна.
