Министерот за здравство Венко Филипче информира дека со крвна плазма се излекувани пет пациенти заболени од ковид-19.
Министерот апелира сите излекувани лица од коронавирус да донираат крвна плазма на Институтот за трансфузиона медицина.
„Пет пациенти од коронавирус се излекувани со крвна плазма. На Институтот за трансфузиона медицина, денеска го пуштивме во употреба новиот клеточен сепаратор за плазмаферза. Во време кога сѐ уште се соочуваме и се бориме со COVID-19, апаратот ќе се користи за донирање на конвалесцентна плазма, а по завршување на пандемијата ќе се користи за донирање на стандардна плазма и тромбоцити. Плазмата дава резултати – сите лица кои имаат оздравено од овој вирус може да даруваат. Упатувам апел, да даруваме и да спасиме човечки живот“,
напиша Филипче на Фејсбук.