Во охридската болница е завршен увидот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, детектирани се пропусти во третманот на пациентката од Струга која почина, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој додаде дека ќе се преземат соодвтени мерки за сите кои биле вклучени во тој процес.
„Поставен е нов директор и тој веќе работи на реорганизација на работата во болницата и на Одделениот за инфективни болести“,
рече Филипче на денешната прес-конференција.
Шеесет и шестгодишната стружанка почина na 27 март чекајќи ги резултатите од тестот за коронавирус, кој подоцна се покажа како позитивен. Таа преку матичен лекар била испратена со приоритетен упат до Одделениот за инфективни болести во Охрид.
Како што тврдат нејзините роднини, таму не ја примиле, туку им било кажано да дојдат кога ќе имаат позитивни резултати од тестот.
Како резултат на овој случај, Филипче ја разреши директорката на Охридската болница, а Јавното обвинителство веќе отвори предмет за овој случај по допрен глас.
*Поврзани вести:
Почина 66-годишна жена од Струга, четврта жртва од коронавирус во земјава
По случајот со смртта на заразената стружанка, нов директор на болницата во Охрид е Горан Балевски
Инфективното одделение на Охридската болница со своја вистина за случајот со починатата стружанка