Секоја топка употребена на Светското првенство во 2022 година има сензор што го регистрира секој допир на играчите. Оваа технологија беше воведена за „да помогне во откривањето офсајди, како и неочигледни допири“
Светската фудбалска асоцијација потврди дека Кристијано Роналдо не ја допрел топката при првиот гол против Уругвај. Податоците од сензорот поставен во топката потврдија дека португалскиот напаѓач не ја допрел во моментот при првиот гол на тимот против Уругвај (2:0), пренесува ЕСПН повикувајќи се на ФИФА и „Адидас“, кои произведуваат топки за Светското првенство.
„Благодарение на технологијата на ‘Адидас’, можеме со сигурност да кажеме дека Кристијано Роналдо не ја допре топката со глава во моментот на првиот гол. Надворешната сила во тој момент не дејствуваше на топката. На ова укажува отсуството на флуктуации во нашите мерења. Сензорот IMU од 500 Hz сместен во внатрешноста на топката ни овозможува да бидеме многу прецизни во оваа анализа“,
се вели во соопштението на ФИФА за ЕСПН.
Секоја топка употребена на Светското првенство во 2022 година има сензор што го регистрира секој допир на играчите. Оваа технологија беше воведена за „да помогне во откривањето на офсајди, како и неочигледни допири“.
Репрезентацијата на Португалија во 54. минута го отвори резултатот на натпреварот против Уругвај. Најпрвин голот му беше запишан на Роналдо, но подоцна се покажа дека 37-годишниот репрезентативец на Португалија најверојатно не ја допрел топката со глава.
Затоа, погодокот му беше припишан на Бруно Фернандеш, кој го изведе додавањето во шеснаесетникот.
Беше објавено дека Португалија ќе испрати докази до ФИФА дека Роналдо е автор на овој гол. Напаѓачот е сигурен дека ја допрел топката.