Како што е нaведено во соопштението, од „Феро инвест“ особено го осудуваат однесувањето на ИРЛ и на Здружението на новинарите (ЗНМ)

Групацијата „Феро инвест“ денеска во попладневните часови испрати соопштение до медиумите во кое го коментира судскиот случај кој бизнисменот и поранешен вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев го доби против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и главната уредничка Сашка Цветковска за изнесените наводи во истражувањето „Заговор против воздухот“.
Во соопштението се вели дека порталот ИРЛ е осуден за клевета по тужба на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.
„Анѓушев и БРАКО го тужеа ИРЛ за емисија објавена на македонската телевизија во која се изнесуваа лажни конструкции без да му се даде простор на Анѓушев и на компанијата да изнесат своја страна и да дадат одговори на јавните неосновани прозивки. И Анѓушев лично и БРАКО ги негираа наводите и повеќе пати изјавија дека ИРЛ е во постојан напад врз компаниите и нивниот сопственик, од причини непознати за јавноста“, се посочува во соопштението.
Како што е нaведено во соопштението, од „Феро инвест“ особено го осудуваат однесувањето на ИРЛ и на Здружението на новинарите (ЗНМ).
посочуваат од „Феро инвест“.
„Постојано вршеа притисок врз судот да ги ослободи од одговорност, до степен на јавни закани до судијата, кои се одвиваа дури и денеска, на само неколку часа пред објавување на пресудата. Во судницата судијката беше вербално нападната од присутните ИРЛ и ЗНМ кои предизвикаа нарушување на редот и мирот, поради што во судницата мораше да дојде судското обезбедување, што е срам за една интелектуална фела која работи во јавната сфера“,
Оттаму потсетуваат дека истата судијка во првата постапка ги ослободила ИРЛ од одговорност, и тогаш судијката не била напаѓана ниту од ИРЛ ниту, пак, од тужителот Анѓушев.
се вели во дописот од групацијата.
„Денес судот е напаѓан затоа што првата пресуда падна на Апелација и се спроведе повторено судење со изведување нови искази и докази и овој пат е пресудено против ИРЛ. По изрекувањето на пресудата, ИРЛ денес продолжи да ја демне компанијата. Лица од нивната група се распоредени околу деловната зграда и го фотографираат објектот и вработените“,
Во соопштението пишува дека ставот на „Феро инвест“ и „Брако“, како фирми во сопственост на Кочо Анѓушев, е дека е лесно под закрилата на изразот ,,јавен интерес” постојано да се напаѓаат приватни фирми, стопанственици, луѓе кои ја прават економијата на една држава и да им се нанесува штета во нивното работење.
посочено е во соопштението.
„Затоа сметаме дека судот испрати добра порака дека новинарството навистина треба да застапува јавен интерес, а не зад тоа да се крие некој друг интерес. Ја поздравуваме одлуката на судот, но сметаме и дека други институции во државата, како финансова полиција, инспекциски служби, УЈП и слично, треба да проверат како работат овие групи, дали исплаќаат пари на вработените на рака, односно без да поминат преку даночните системи на контрола на државата, дали повиците за донации се само маска, понатаму да се провери од каде доаѓаат некои суми и за која цел итн. Има многу различни информации во општеството за кои институциите треба да постапат по допрен глас“,
Оттаму ја осудуваат и, како што велат, злоупотребата на Здружението на новинарите за вршење притисок врз судот.
пишуваат од „Феро инвест“.
„Овде, ја осудуваме и злоупотребата на Здружението на новинарите за вршење притисок врз судот од страна на претседателот на ЗНМ, кој ќерката ја вработи во ИРЛ, и во чии активности очигледно има елементи на конфликт на интереси и трговија со влијание“,
Посочуваат и дека како стопански субјект, ќе ја информираат и Европската федерација на новинари за случувањата во ЗНМ.
се заклучува во соопштението.
„Како и дека се злоупотребува името и кредибилитетот на Европската федерација, со нејзино доведување во заблуда за случувањата во Македонија, со цел лична корист на поединци во Здружението, кои за таа цел поддржуваат група која поради своите постапки е веќе осудувана за клевети и претходно“,
Инаку, според пресудата што денеска ја соопшти судијката Јованка Спировска-Панчева, ИРЛ и Цветковска се одговорни за клевета, со изнесување невистинити факти во првата епизода од истражувањето „Заговор против воздухот“ емитувана на 16 мај 2021 година на МРТ.
Таа посочи и дека во повтореното судење се водела по напатствијата на Апелацискиот суд, кој го вратил предметот на повторно одлучување.
„Во случајов, кога се работи дали да се заштити приватно право или право на слобода на говор, секогаш сум била на страна да се заштити слободата на говорот и ова е можеби прва или втора пресуда во кариерата во која носам ваква одлука. Апелацискиот суд ми ја укина (претходната) одлуката бидејќи сум морала повеќе да обрнам внимание на честа и угледот кој исто така е заштитен со Европската конвенција за човекови права“,
рече судијката.
ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска, според одлуката на судот, треба на секој од тужителите да им платат по 60 денари на име на надомест на штета за повреда на честа и угледот.
Пресудата во случајот Кочо Анѓушев против ИРЛ подоцна пред судот ја коментираше уредничката Сашка Цветковска, која рече дека станува збор за скандалозна одлука.
„Одлуката беше скандалозна и судијката која своевремено го заштитуваше Сашо Мијалков сега влезе повторно во заштита на Кочо Анѓушев. Како што и самата ја образложи пресудата: приватното право, правото на бизнисот и на приватниот интерес биле посилни од слободата на говорот. Тоа е сè што има да се каже за оваа скандалозна пресуда. Првата пресуда против Мијалков оваа судијка ја изгуби во Стразбур, колегите од ’Фокус’ го добија случајот, а истата постапка ќе ја тераме и ние“,
рече Цветковска.
Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски, изразувајќи поддршка за новинарите од ИРЛ, рече оти се надева дека овој судски случај ќе биде исклучок во судските процеси против новинарите.
„Се надевам дека овој судски случај нема да биде меѓник за една нова ера во судските процеси во Македонија против новинарите. Се надевам дека ќе биде само исклучок кој ќе падне на следните инстанци бидејќи начинот на кој беше образложена оваа пресуда навистина не ни дава за право да бидеме многу оптимисти, но ние како новинари, како здруженија, како колеги имаме обврска да стоиме цврсто и да веруваме во исправноста на кажаното“,
рече Чадиковски.
Тој додаде дека истражувачкото новинарство мора да се поттикнува, мора да се храбри и токму заради тоа, како што рече, сметаме дека сите следни чекори кои ќе ги преземеме ќе бидат во функција на заштита на истражувачкото новинарство.