Ако администраторот добие предупредување за несоодветна содржина, тој ќе може да преземе различни чекори, меѓу кои и исклучување или привремено ограничување на фреквенцијата на објавување коментари од некои членови на групата и одредување на брзината на коментари на одделни објави
Фејсбук тестира софтверска алатка со која ќе обележува и отстранува навредлива содржина и коментари во кориснички групи на социјалните мрежи.
Најавата за тестирање на ваков софтвер пристигна на блогот во средата. Во него, Фејсбук претстави серија нови софтверски алатки за да им помогне на повеќе од 70 милиони луѓе кои водат и управуваат со групи на таа платформа, објави Си-ен-ен.
Фејсбук, кој според компанијата има 2,85 милијарди корисници, објави на крајот на минатата година дека повеќе од 1,8 милијарди луѓе учествуваат во десетици милиони нејзини активни групи секој месец.
„Со новите алатки, Фејсбук, како што е најавено, ќе може да ги предупреди администраторите на тие групи доколку некоја содржина во нивната група е ‘контроверзна’ или ‘шири невистини’“,
соопшти компанијата.
Ако администраторот добие предупредување за несоодветна содржина, тој ќе може да преземе различни чекори, меѓу кои и исклучување или привремено ограничување на фреквенцијата на објавување коментари од некои членови на групата и одредување на брзината на коментари на одделни објави.