Американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи предупреди на влошување на епидемиолошката ситуација бидејќи голем број Американци не се вакцинирани, но посочи дека нема да има нов карантин во САД.
Фаучи за Еј-би-си рече дека невакцинираните лица влијаат врз другите бидејќи тие ја шират епидемијата, при што го отфрли ставот на критичарите на вакцинацијата кои сметаат дека се работи за индивидуална одлука.
Тој посочи дека оние што избираат да не се вакцинираат, всушност, влијаат врз правата на Американците кои се особено склони кон инфекција бидејќи, како што рече, ги кршат нивните индивидуални права со тоа што ги прават ранливи.
Иако бројот на граѓани што примиле вакцина оваа недела нагло скокна, сепак, бројот на новозаразени лица исто така се зголемува како резултат на позаразниот делта-сој на коронавирусот.