Американскиот инфектологот и експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, смета дека состојбата со ковид-19 во САД е сериозна и веднаш мора нешто да се преземе.
Тој смета дека САД е сè уште во првиот бран од пандемијата, а бројот на пациенти не е доволно мал, како што било планирано.
Сегашната состојба тој ја спореди со онаа во Европа, каде што по отворањето се зголеми бројот на пациенти, но таму отварањето следеше дури откако бројот на пациенти доволно опадна и мина врвот на инфекцијата.
„Никогаш доволно не го намаливме бројот на пациенти и сега повторно расте. Ситуацијата е сериозна и треба веднаш нешто да се направи“,
смета Фаучи.
Бројот на пациенти ширум САД постојано расте и е речиси двојно поголем од пред еден месец.
Во 40 од 50 американски сојузни држави бројот на пациенти расте, а болничките капацитети полека се пополнуваат.
Во САД, досега со ковид-19 починаа повеќе од 130.000 лица, а заразени се повеќе од 2,9 милиони Американци.