Откако претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел првично твитна соопштувајќи ја одлуката, потоа во нова објава рече дека ги повикал лидерите на Украина, Молдавија и Грузија за да им честита на историскиот пресврт што го прават нивните земји со денешната одлука
По денешната одлука на лидерите на земјите членки на ЕУ дека Украина и Молдавија ќе ги почнат пристапните преговори за членство во ЕУ, на платформата Икс (претходно Твитер) продолжуваат да се објавуваат позитивните реакции од европските лидери.
Откако претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел првично твитна соопштувајќи ја одлуката, потоа во нова објава рече дека ги повикал лидерите на Украина, Молдавија и Грузија за да им честита на историскиот пресврт што го прават нивните земји со денешната одлука.
„Вашата иднина лежи во нашето семејство на ЕУ“,
пишува Мишел.
Just called President @sandumaiamd, President @ZelenskyyUa and Prime Minister @GharibashviliGe to congratulate them on the historic turn their countries are taking with today’s #EUCO decision.
— Charles Michel (@CharlesMichel) December 14, 2023
Your future lies within our EU family.
????????
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола објави дека ова е горд момент за Европа.
„Ова е горд момент за Европа. За Украина. За Молдавија. За сите што се борат за нашите вредности. За сите што гледаат на Европа како светилник на надеж. Ги одржавме нашите ветувања. Напишавме историја. Сега заедно ќе ја пишуваме иднината“,
напиша Мецола на Икс.
This is a proud moment for Europe. For Ukraine. For Moldova.
— Roberta Metsola (@EP_President) December 14, 2023
For everyone fighting for our values. For everyone looking to Europe as a beacon of hope.
We kept our promises. We made history. Now we will write the future together. @ZelenskyyUa @sandumaiamd pic.twitter.com/HFVs8c1vb4
Германскиот канцелар Олаф Шолц вечерва изјави дека договорот на европските лидери за отворање на пристапните преговори со Украина е „силен знак на поддршка и перспектива“ за таа земја и нагласи дека Украина и Молдавија припаѓаат на европското семејство.
„Едно е јасно: овие земји припаѓаат на европското семејство“,
напиша Шолц на социјалната мрежа Икс.
Ein starkes Zeichen der Unterstützung und eine Perspektive für die Ukraine: Im #EUCO haben wir gerade beschlossen, Beitrittsgespräche mit der #Ukraine und auch mit #Moldau zu beginnen. Klar ist: Diese Länder gehören zur europäischen Familie.
— Bundeskanzler Olaf Scholz (@Bundeskanzler) December 14, 2023
Поддршка за Украина, на платформата Икс напиша и францускиот претседател Емануел Макрон.
„Украина никогаш нема да биде сама“,
рече Емануел Макрон во одговорот на социјалните мрежи на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој му се заблагодари на францускиот лидер за „поддршката што Франција и ја пружи на Украина на овој пат“.
Ukraine will never be alone.
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) December 14, 2023
Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја поздрави одлуката на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори со Украина и рече дека Рим има водечка улога во тоа.
Мелони го изрази големо задоволство од конкретните чекори напред во процесот на проширување, кој е постигнат на самитот на Европскиот совет за Украина, Молдавија, Грузија и Босна и Херцеговина, соопшти нејзиниот кабинет.
„Ова е резултат на значајна вредност за Европската унија и за Италија, која беше создадена како резултат на сложени преговори во кои нашата земја имаше водечка улога во активната поддршка, како на земјите од источното трио и Босна и Херцеговина, така и на земјите од Западниот Балкан“,
се вели во соопштението.
Веднаш по објавувањето на одлуката, поддршка за Украина и Молдавија стигна и од претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која напиша дека ова е стратешка одлука и ден кој ќе остане врежан во историјата на нашата Унија.
Одлуката за отворање на пристапните преговори со Украина и со Молдавија беше неизвесна до самиот крај бидејќи унгарскиот премиер Виктор Орбан најавуваше дека ќе стави вето.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја напуштил просторијата кога требало да се гласа за оваа одлука, а потоа преку објава на неговиот фејсбук-профил рече дека Унгарија не сакала да учествува во донесувањето на „лошата одлука“ на Европскиот совет за почеток на преговорите за членство на Украина во ЕУ и останала настрана.
„Но, 26-те земји-членки беа категорични дека таа одлука треба да биде донесена, така што Унгарија одлучи дека ако 26-те одлучат така, тие треба да одат по својот пат. Унгарија не сакаше да биде вклучена во таа лоша одлука и затоа остана настрана од неа“,
рече Орбан.
За одлуката на Европскиот совет украинскиот претседател рече дека е победа за Украина која мотивира, инспирира и зајакнува.
Молдавската претседателка Маја Санду, исто така, ја поздрави одлуката на ЕУ. Според неа, Молдавија ќе биде на висината на тој предизвик и е подготвена да ја заврши напорната работа што и претстои.
„Со одлуката на ЕУ да даде зелено светло за пристапните преговори, Молдавија отвора нова страница. Денеска ја чувствуваме топлата прегратка на Европа. Ви благодариме за поддршката и вербата во нашиот пат“,
напиша Санду на „Икс“.
Moldova turns a new page today with the EU’s go-ahead for accession talks.
— Maia Sandu (@sandumaiamd) December 14, 2023
We’re feeling Europe’s warm embrace today. Thank you for your support and faith in our journey.
We’re committed to the hard work needed to become an EU member. Moldova is ready to rise to the challenge.