Сертификатот во принцип не е потребен, но авиокомпаниите може да го бараат тоа, вели еврокоемсарот за внатрешен пазар
Единствениот здравствен сертификат во ЕУ ќе биде достапен за граѓаните на блокот од 15 јуни, објави Тјери Бретон, комесар на ЕУ за внатрешен пазар, кој ја надгледува политиката за вакцинација во Европската комисија.
„Од 15 јуни ќе биде достапен низ цела Европа. Сертификатот во принцип не е потребен, но авиокомпаниите може да го бараат тоа”,
изјави Бретон за телевизијата LCI.
Тој појасни дека документот ќе содржи име, датум на раѓање, број на пасош, како и информации дали лицето е вакцинирано и со каква вакцина, дали прележало ковид или не. Доколку не поседува таков сертификат, како што вели еврокомесарот, патникот ќе мора да се тестира.
Европската комисија на 17 март го објави долгоочекуваниот предлог за дигитални зелени сертификати со кои треба да се олесни патувањето на граѓаните во ЕУ.
Како што се очекуваше, овие сертификати ќе се издаваат само за примени вакцини кои се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА).
Според предлогот, земјите – членки имаат опција да прифатат сертификати за вакцинација и за други вакцини. За овој предлог треба допрва да се разговара.