Вакцината против коронавирус може да биде подготвена за една година, и тоа е оптимистичко сценарио, објави Европската здравствена агенција (ЕМЕА).
Оваа своја претпоставка Агенцијата ја темели на податоците добиени од голем број експерименти.
„Доколку сѐ оди според планот, можеме да очекуваме да ја добиеме вакцината за една година“,
изјави Марко Кавалери, шеф на тимот за откривање на вакцините.