Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги поканила двете страни да продолжат да преговараат во рамките на тековниот дијалог

Европската комисија изрази надеж дека до понеделник ќе се најде „соодветно решение“ меѓу Белград и Приштина за спорот околу пререгистрацијата на автомобилските таблички.
Како што изјави портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер, Белград и Приштина, со посредство на пратеникот на ЕУ, Мирослав Лајчак, „треба да најдат соодветно решение“.
Мамер истакна дека вчера во Приштина, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен „ги поканила двете страни да продолжат да преговараат во рамките на тековниот дијалог“.
Портпаролката на ЕК Набила Масрали вели дека „остануваат уште три дена“ до крајниот рок што го поставија властите во Приштина, нагласувајќи дека ставот на ЕУ е дека „треба да се надеваме на решение“.
„Ставот на Унијата е јасен, не е променет и пред да истече рокот не ма да излеземе со реакција“,
изјави Масрали.
Таа потсети и на претходните изјави на портпаролот на ЕК, Питер Стен, кој вчера истакна дека „од најголема важност е да се спречи се што ќе доведе до дополнителни заострувања и неопходно е во духот на компромисот да се најдат решенија за сите отворени прашања“.