Тоа е јасен руски сигнал до Америка, бидејќи не можат да не знаат дека станува збор за американски објект“, рече тој
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека руски дрон погодил и оштетил фабрика на „Кока-Кола“ во близина на Киев, пренесува Ројтерс.

Нападот се случи за време на поширока дневна офанзива врз регионот, во близина на градот Бровари, источно од украинскиот главен град. Според официјалните информации, во нападот нема повредени.
Според него, руските сили биле целосно свесни оти гаѓаат голем американски комерцијален објект.
„Русите со својот дрон погодија фабрика на ‘Кока-Кола‘. Тоа е јасен руски сигнал до Америка, бидејќи не можат да не знаат дека станува збор за американски објект“,
изјави Зеленски во водеообраќањето.
Како што пишува Ројтерс, на снимките достапни за нив, се гледа како над фабриката и нејзината околина се издига густ чад.
Претседателот на Американската стопанска комора во Украина, Енди Хандер, потврди дека вработените во фабриката не се повредени и дека компанијата соработува со надлежните органи во проценката на последиците од нападот.
