Оваа посета на Бугарија, Вархеји ја најави уште при последниот престој во земјата на 20 мај, кога по средбите со бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, изјави дека наскоро повторно ќе се врати во Софија со цел изнаоѓање заедничко прифатливо решение за отпочнување на преговорите со Северна Македонија
Пред денешното заминување за Софија, Вархеји вчера изјави дека се работи интензивно за Скопје во јуни да го почне преговарачкиот процес за пристапување во Европската Унија
По вчерашното учество на самитот „Отворен Балкан“ во Охрид, еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји денеска е во посета на Бугарија.
Тој во Софија ќе има средби со бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Кирил Петков и шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска.
Оваа посета на Бугарија, Вархеји ја најави уште при последниот престој во земјата на 20 мај, кога по средбите со Радев, Петков и Генчовска изјави дека наскоро повторно ќе се врати во Софија со цел изнаоѓање заедничко прифатливо решение за отпочнување на преговорите со Северна Македонија.
Пред денешното заминување за Софија, Вархеји вчера изјави дека се работи интензивно за Скопје во јуни да го почне преговарачкиот процес за пристапување во Европската Унија.
„Северна Македонија мора да успее и сите ние мора да работиме на тоа. Се додека постои најмала шанса, ќе продолжам да работам. Од тука заминувам веднаш во Софија и ќе продолжам да работам за решение во јуни“,
рече еврокомесарот во врска со тоа какви се шансите на Северна Македонија со оглед дека останаа уште две недели до Самитот на ЕУ.
Во однос на подготвеноста на францускиот претседател Макрон да помогне Скопје и Софија да постигнат договор, Вархеји кажа дека работи многу блиску со француското претседателство, но во оваа фаза би било прерано да се даде одговор.
„Нема да оставиме непрвртен ниту еден камен за да го завршиме ова. Француското претседателство е исклучително посветено. Макрон е лично ангажиран во сето ова. Мислам дека сите сакаат резултат кој е прифатлив за двете земји и со кој би можеле да продолжиме понатаму и конечно да ја одржиме првата меѓувладина конференција и да продолжиме со пристапниот процес на Северна Македонија“,
изјави еврокомесарот Оливер Вархеји.