Сите вработени и посетители на трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје претпладнето се евакуирани од објектот поради дојава за бомба, потврдија за „360 степени“ од МВР.
Дојавата во полицијата стигнала од вработени во трговскиот центар.
Во моментов единицата за антитероризам на МВР и екипи на Противпожарната бригада се во трговскиот центар, а забранет е пристап во и околу објектот.