Новиот сет предлози на извршното тело на Европската унија се смета за добитна комбинација за Унијата, која се соочува со „голем недостиг“ на квалификувана работна сила, како и за оние луѓе кои „сакаат да мигрираат за подобри можности и услови за живот“
Европската комисија (ЕК) го претстави новиот пакет за олеснување на легалната миграција, предлагајќи, меѓу другото, поедноставување на правилата за престој и работни дозволи за квалификувани работници.
„Миграцијата не е само за гранични проверки, процедури за азил и враќање, туку е и за понуда на правни патишта за оние кои можат да дојдат да живеат и да работат со нас легално“,
рече Маргаритис Шинас, потпретседател на Европската комисија, на прес-конференцијата.
Тој нагласи дека новиот сет предлози на извршното тело на Европската унија е добитна комбинација за Унијата, која се соочува со „голем недостиг“ на квалификувана работна сила, како и за оние луѓе кои „сакаат да мигрираат за подобри можности и услови за живот“.
„Не можеме да се справиме без работната миграција“,
посочи Шинас, додавајќи дека овозможувањето легална миграција е и начин за борба против криминалните мрежи на шверцери на луѓе.
Пакетот содржи законски измени кои ќе овозможат да се аплицираат за комбинирана дозвола за престој и работа наместо две посебни процедури.
Исто така, се овозможуваат апликации и од ЕУ и од земјите надвор од блокот.
Европската комисија, исто така, има за цел да создаде платформа наречена „Базен на таленти на ЕУ“ која ќе овозможи поврзување на земјите од ЕУ со оние кои бараат работа од земјите кои не се членки на ЕУ.
Експериментот би започнал во лето со учество на украински бегалци.
ЕУ, исто така, ќе лансира програми кои ги здружуваат здравствените работници, младите професионалци и иновативните старт-ап компании.
Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ допрва треба да ги одобрат предлозите.