Дијалогот е механизам преку кој треба да разговараат за разликите. Него го води ЕУ. Ние не сме дел од дијалогот, но целосно го поддржуваме, изјави заменик-помошникот државен секретар на САД
Дијалогот е единствениот начин за постигнување договор меѓу Белград и Приштина, изјави заменик-помошникот државен секретар на САД задолжен за Западен Балкан, Габриел Ескобар, за Н1.
Според него, САД го поддржуваат спроведувањето на постигнатите договори, но и „забрзаниот пристап кон конечен договор“.
„Дијалогот е механизам преку кој треба да разговараат за разликите. Него го води ЕУ. Ние не сме дел од дијалогот, но целосно го поддржуваме“,
истакна Ескобар.
Тој нагласи дека Србија има многу повеќе воени вежби со НАТО отколку со Русија и со Кина.
„Нашата надеж за Србија е дека ќе го следи својот европски пат. Да се затворат поглавјата, за да напредуваат кон членство во ЕУ. Да се решат разликите со Косово преку дијалог и да се воспостават добри односи со сите соседи“,
додаде Ескобар.
На прашањето како ја гледа иднината на Александар Вучиќ како претседател на Србија, Ескобар одговори дека „за тоа одлучува српскиот народ.“