Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган очекува војната во Украина да заврши на преговарачка маса, а слични ставови на денешната трилатерална средба имале и украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, пренесе ТРТ.
По средбата Ердоган порачал дека треба да се најде најкраткиот пат до преговори , а додека се бара решение за крај на војната, тој потенцира дека Турција останува на страната на Украина, која го брани својот територијален интегритет.
Од украинскиот град Лавов Ердоган изразил загриженост поради борбите кои се одвиваат во непосредна близина на нуклеарната централа Запорожје.
„Не сакаме да почувствуваме уште еден Чернобил“
вели Ердоган.
На трилатералната средба се разговарало и за размена на затвореници, а меѓу другото бил потпишан и договор за обнова на инфраструктурата.