Турција е официјален кандидат за членство во ЕУ веќе 24 години, но преговорите за пристап беа закочени во последниве години поради загриженоста на блокот за кршење на човековите права и почитување на владеењето на правото во Турција
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, одговарајќи на новинарско прашање за содржината на извештајот на Европскиот парламент за Турција, рече дека Анкара може да се „раздели“ со Европската Унија доколку е потребно.
Во извештајот, усвоен претходно оваа недела, се наведува дека процесот на пристапување на Турција во европскиот блок не може да продолжи под сегашните околности и се повикува ЕУ да ја истражи можноста за примена на „паралелна и реална рамка“ кога се работи за односите со Анкара.
Турција е официјален кандидат за членство во ЕУ веќе 24 години, но преговорите за пристап беа закочени во последниве години поради загриженоста на блокот за кршење на човековите права и почитување на владеењето на правото во Турција.
„ЕУ се обидува да се раздвои од Турција. Ние ќе дадеме свои проценки во однос на ваквиот развој на настаните и, доколку е потребно, можеме да се разделиме со ЕУ“,
им рече Ердоган на новинарите пред неговото патување во САД.
Турското Министерство за надворешни работи оцени дека извештајот на Европскиот парламент содржи неосновани обвинувања и предрасуди и дека има „плиток и невизионерски“ пристап кон врските на Турција со ЕУ.