Прес-конференцијата е најавена за 16 часот во Амстердам
Вчера главниот одговорен за стратегијата на вакцинација во оваа Агенција, Марко Кавалери, за италијанскиот весник „Месаџеро“ изјави дека постои поврзаност
Европската агенција за лекови (ЕМА) попладнево ќе одржи прес-конференција за случаите со згрутчување на крвта кај лицата што примиле вакцина на „Астра Зенека“.
Прес-конференцијата е најавена за 16 часот во Амстердам.
Ставот на ЕМА следува откако вчера главниот одговорен за стратегијата на вакцинација во оваа Агенција, Марко Кавалери, за италијанскиот весник „Месаџеро“ изјави дека постои поврзаност помеѓу вакцините на „Астра Зенека“ и случаите на згрутчување на крвта.
Експертската група на Европската агенција за лекови, во која има и независни надворешни експерти од низа медицински специјалности, вклучително и хематолози, невролози и епидемиолози, првично не идентификува никакви специфични фактори на ризик, како што се возраста, полот или претходната медицинска историја на нарушувања на коагулацијата, за последните ретки случаи на појава на тромб кај лица што биле вакцинирани со „Астра Зенека“.
Но, конечниот став беше најавен за периодот од 6 до 9 април, по состанокот на Комитетот за безбедност.