Од српското Министерство за внатрешни работи потврдија дека едно лице го загубило животот, а две се повредени
Едно лице загина, а две се повредени во експлозија што се случила синоќа во зграда на улицата „Слобода“ во центарот на Смедерево. Дваесет и двегодишна девојка се здобила со полесни повреди, додека нејзиниот брат е тешко повреден и поради повреди на двете очи е префрлен на лекување во Белград, пренесува РТС.
Експлозијата се случила синоќа околу 20:30 часот на последниот, четврти кат од зградата, а оштетени се сите 25 стана во зградата.
Од српското Министерство за внатрешни работи потврдија дека едно лице го загубило животот, а две се повредени.
Дваесет и двегодишната девојка се здобила со полесни повреди, исеченици, додека нејзиниот брат се здобил со посериозни повреди. Тој, како што пренесува РТС, во текот на ноќта имал хируршка интервенција во смедеревската болница бидејќи имал шрапнели по целото тело. Потоа бил префрлен во Белград бидејќи има тешка повреда на двете очи.
Од Општата болница потврдиле дека двајцата повредени се стабилни и надвор од животна опасност.
Експлозивот, како што наведува Нова.рс, го активирал сопственикот на станот на третиот кат по кратка расправија со станарите кои го изнајмувале тој стан, а како причина за кавгата била неплатена кирија.
Сопственикот на станот се обидел да влезе во станот, но потстанарите не му дозволиле. Потоа тој се обидел да постави бомба во станот, а од експлозијата тој се разнел, додека двете лица се повредени.
Од српската полиција велат дека причината сè уште се утврдува.