Експлозијата, додаваат од МВР, се случила утринава во 9:20 часот
Едно лице е повредено откако во двор од куќа во скопската населба Ќерамидница била фрлена експлозивна направа, информираат од Министерството за внатрешни работи за „360 степени“.
Експлозијата, додаваат од МВР, се случила утринава во 9:20 часот.
Повреденото лице било пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.